Брилијант

Рафинирано сончогледово масло за јадење БРИЛИЈАНТ
  • Состав

    Сончогледовото масло е богато со есецијална масна киселина (линолна), токоферолите (природен Е-витамин) се претежно во алфа-облик, поради што сончогледовото масло се вбројува во најквалитетните масла за јадење во светот.


    Полнењето и пакувањето на сончогледовото масло за јадење Брилијант се вршат комплетно под заштита на инертен гас што му овозможува на маслото долг рок на употреба од 30 месеци, кој е деклариран на пакувањето. Врз рокот на употреба на маслото за јадење позитивно влијае и картонската амбалажа, која го штити маслото од светлина, оневозможувајќи го процесот на оксидација.
     

    Сите масла се полнат само во еколошки ПЕТ шишиња и се пакуваат во следниве амбалажи:

    - артикл од 1 л - во картонска кутија по 15 шишиња;

    - артикл од 5 л - во картонска кутија по 4 шишиња;

    - рефус рафинирано сончогледово масло - се испорачува само во амбалажа на купувачот.

     
  • Хранлива вредност

    Технологија на рафинирање

     

    За рафинирање на растителните масла се користат најсовремените научни достигнувања. Целта е да се зачуваат сите вредни биолошки состојки, со истовремено отстранување на оние компоненти кои го намалуваат квалитетот и негативно влијаат врз органолептичките својства на рафинираното масло за јадење.